ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Западен Балкан наместо во ЕУ – во „европска економска зона“?

Наместо полноправно членство во Унијата, на Западниот Балкан ќе му се нуди формирање на Европска економска зона. Оваа идеја од Брисел е во оптек за да се надминат актуелните фрустрации од Макрон кој ја спушти рампата на патот кон Унијата, извести порталот „Нова ТВ“.

Предлогот за компромис официјално на маса се предвидува да го понудат европските лидери следната, 2020 година. Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, па дури и Црна Гора и Србија, кои веќе ги почнаа преговорите, да добија можност за пристапување во единствениот пазар, како Норвешка и Исланд.

Земјите да работат по европските директиви што се важни за потенцијалните инвеститори. Целиот процес треба да се претстави во јавноста како трка и да се комбинира со финансиски награди. Повеќе грантови и инвестиции за земјите кои добро напредуваат во административните и правните реформи.
Премиерот вели дека оваа идеја како предлог не е ставена на хартија.

Познавачите велат дека идејата не е нова, туку уште од времето на францускиот претседател Митеран. По Брегзитот на Велика Британија и залезот на Меркел, лидерството во Унијата го презема Макрон, кој го враќа големиот план на Франција.
Советникот на премиерот, професорот Ванчо Узунов вели дека идејата вреди да се разгледа зашто сега немаме некој избор.

„Тоа засега остана најдобра идеја што ја имаме. Не треба ниту да ја отфрлиме, ниту да ја прифатиме наеднаш. Да седнеме најпрво внатре во државата да разговараме, да видиме што тоа ќе значи за земјата, а потоа и со другите земји на меѓународно ниво да се дискутира.“

Бизнисите ќе имаат пристап до европскиот пазар, но политички, земјите ќе немаат никакво влијание. Нема ниту да седат на маса со останатите европски лидери. Решението би требало да го зголеми влијанието на ЕУ на овие простори. Но дали со ова целосно исчезнува можноста да бидеме полноправна членка на Унијата? Дел велат дека вратата останува подотворена, но дел пак тврдат дека Македонија всушност ќе стане третиот појас на Европа, кој треба да го штити “срцето на Европа”, односно Париз и Берлин од мигранти и од сиромашни.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon

Повеќе

Британската и македонската Влада денеска во Лондон го потпишаа договорот за соработка. На договорот се потпишаа британскиот министер за извоз Гарет Томас и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, свеченото потпишување се одржа во историската зграда на Стариот Адмиралитет во Лондон. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 5 милијарди фунти (6 милијарди евра) за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. „Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, го гледаме како нешто што ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво. Денес потпишуваме Договор Влада со Влада за развојни-инфраструктурни проекти во клучни сектори, како што се: транспорт, образование, животна средина, информатичка технологија, како и други сектори кои што ќе ги развиваме, тука е здравството, но и образованието и ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период. Навистина сме благодарни што Обединетото Кралство, со својот Инструмент за поддршка на надворешно финансирање, постави рамка од 5 милијарди фунти, што е најголемиот договор што Македонија го потпишала во својата историја во однос на економијата. Навистина сме благодарни за тоа и ова го гледаме како одлична можност за целата држава да се развива. Веќе имаме три проекти кои што се подготвени. Тоа е проектот за брзата железница на Коридорот 10, здравствениот проект за болници и секако проектот за образование, за Медицинскиот факултет, а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во секторите за енергетика и животна средина, но и други проекти секако“, изјави Николоски по потпишувањето. Министерот за извоз Томас рече дека ова партнерство „отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија“. „Велика Британија има богато искуство во испораката на висококвалитетна инфраструктура низ целиот свет и среќен сум што го започнувам ова ново партнерство што ќе им помогне на повеќе британски бизниси да извезуваат во Северна Македонија“, рече Томас. Од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство во првиот циклус од пет години ќе се повлечат околу 2,2 милијарди евра, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во емисијата „360 степени“. „Две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата. Никаде не пишува дека имаме задолжително повлекување на петте милијарди, а британската Влада гарантира дека Македонија кога ќе ги земе кредитите, ќе ги врати“, рече Димитриеска-Кочоска. Министерката рече дека таа не може да даде повеќе детали за парите, висината на каматата и се останато, се додека не добие готов проект на маса. „Ќе мора да седнеме и со министерот за транспорт да се разговара да каже кои се проектите и потоа ние како Министерство за финансии, покрај што ќе добиеме понуда од банката по процедурите од финансии, ќе си побараме понуда и од други меѓународни институции, затоа што тоа го налага законот. Така што, во овој момент не би можела да зборувам повеќе детали затоа што немам зрел проект пуштен во Финансии, врз основа на кој ќе барам понуда од повеќе банки и ќе излезам да кажам колку е точно каматата би било несериозно. Она што го знам и го имам како информација, се разговара за клинички во Штип, болница во Кичево и онаа брза пруга“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Можеби сте пропуштиле

Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.