Законот не дозволува „Самоопределување“ да дејствува во Македонија
„Политички партии регистрирани во други земји не можат да дејствуваат на територијата на Република Македонија“ – стои категорично во членот 8 од Законот за политички партии.Сепак, дилемите дали партијата на косовскиот премиер Албин Курти, Самоопределување, може да учествува на изборите во Македонија, остануваат, со оглед дека Меџити, Гаши и Касами, кои го промовираа како четврти субјект во нивниот опизициски блок, тврдат дека нема нипто спорно..
Меџити за Канал 5, вели дека партијата на Курти и досега била активна во земјава..
-Тие веќе делуваат во Македонија, пример Беким Ќоку е советник на премиерот Курти, тој е стружанец. Ќоку бил пратеник и претходно од Алијансата за Албанците, а сега ќе биде во нашите листи. Тие немаат формирано политичка партија, човекот е државјанин на Македонија, ама е советник на Курти и е член на Самоопределување“, вели Меџити.
Доколку се дозволи вклучување на партијата на косовскиот премиер Албин Курти во политичкиот живот во земјава, тоа ќе значи отворање на пандорината кутија и во иднина и партии од други држави да бараат учество во изборните процеси во Македонија, велат дел од познавачите.
Со став се огласи и Академик Божин Павловски, кој во изјава за Мкд предупредува дека евентуалното регистрирање на косовска партија „Самоопределување“ во земјава ќе ја врати Македонија еден век назад.
-Самоопределување може да ги задоволи ‘апетитите’ на граѓаните доселени кај нас од Косово, и да создаде хаос во таканаречениот македонски блок на Албанците, но треба да се знае дека таа глупост Македонија ќе ја врати 120 години назад, кога била опседната од странските пропаганди и интереси – смета Павловски.