ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Законот за попис и законот за измена во изборниот законик ќе се носат по скратена постапка

Почна пленарната седница за измена и дополнување на Законото за попис на населението, и законот за промена во изборниот законик. Се изгласа дека двата закони ќе се носат по скратена постапка.

Со 95 пратеници ЗА и 7 против, констатирано е дека ќе се носи по скратена постапка.

Кај измените на изборниот законик, сите 102 пратеници беа ЗА, односно тоа се донесе едногласно.

Сега на ред е Комисијата за европски прашања да расправаат за законот, и потоа ќе се гласа на пленарна седница.

Законот за попис е да се одложи пописот во септември, а за измените во изборниот законик – на следните локални избори да се користи фингерпринт и да бидат одложени изборите за крајот на октомври, односно почетокот на ноември.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.