Законите за Бехтел и Енка и денеска пред пратениците
Во тензична атмосфера со довикувања и меѓусебни обвинувања за кршење на деловникот, почна комисиската расправа за законите поврзани со изградба на автопатите.Прв од петте е законот за работни односи, или продолжување на работната недела за која пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа три амандмани. Тие повторно повикаа да не се злоупотребува европското знаменце и по скратена постапка да се одобрува експлоатација на работниците, додека пак власта со аргумент дека ќе се почитуваат работничките права, а ЕУ знаменцето е ставено со цел да се да се избегне блокадата од опозицијата и да се забрзаат коридорите 8 и 10д.
Иако опозициските партии имаат бројни амандмани и за останатите четири законски измени, со скратената постапка и европското знаменце од Владата целата процедура во комисијата ќе заврши брзо по два дена расправа за секој закон поединечно. За кршење на процедурите бројни критики од опозициските пратеници доби и претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми од ДУИ.Тој пак ја искористи приликата да ја смири вжештената атмосфера со невообичаен гест- пред неговите колеги и новинарите и честита роденден на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со букет цвеќе.