ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заеднички поморски вежба на Русија, Кина и Иран

Иранската морнарица ја започна првата заедничка поморска вежба со Русија и Кина во северниот дел од Индискиот океан.

Целта на четиридневната вежба е зајакнување на безбедноста во водите во регионот, изјави адмиралот на иранската морнарица Хосеин Ханзади, јавува иранската државна агенција.

Портпаролот на кинеското Министерство за одбрана Ву Чиан вчера рекол дека вежбите ќе ја разбдат размената и соработката на морнариците на овие три земји. На вежбите ќе учествува и кинескиот ракетен уништувач „Сининг“.

Иранската телевизија навела дека овие вежби покажуваат дека Иран не е изолиран, и по повлекувањето на САД од нуклеарниот договор кој Техеран го постигна со светските сили 2015 година и санкциите од администрацијата на Доналд Трамп кон Техеран.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.