ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заев: Унапредување на економската соработка со Русија

Премиерот Заев по денешниот Македонско-руски бизнис форум во Скопје, рече дека владата останува на ставот против воведување на санкции кон Русија, додавајќи дека во следниот период ќе се работи на унапредување на економската соработка со Руската федерација, а најмногу во секторите земјоделство, енергетика и храна.

„Ние веруваме дека секој пазар, којшто е сѐ уште неотворен, може многу да придонесе во нашето севкупно домашно производство, но и за зголемување на извозот од нашата земја, затоа продолжуваме да работиме во тој правец“, рече Заев.

Премиерот Заев нагласи дека унапредувањето на економската соработка со Русија не значи одалечување од евроатлантските перспективи, туку можност за соработка, каква што има и помеѓу Руската федерација и Германија, Франција и Холандија

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.