Заев со аманет до април да се исполнат рефомрите во образованието
По постигнатиот договор на владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ за деблокирање на дел од законите во Собранието, се отвора патот за формирање на техничката Влада.
Вечерва СДСМ ќе одржи седници на Извршниот и централниот одбор на кој ќе се знае името на техничкиот премиер, кој ќе дојде на местото на Зоран Заев, кој пак утринава потврди дека ја напушта функцијата.
На денешното потпишување Спогодбата помеѓу Министерството за образование и Синдикатот за образование за покачување на платите во образованието, Заев рече дека остава аманет до април да се исполнат рефомрите во образованието.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: