ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заев: Силјановска е спротивност на концептот едно општество за сите

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, е надвор од секој можен концепт на актуелната власт и не е прифатливо решение за нас, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која разговараа за консензуален кандидат за претседател. Според него, опозицискиот кандидат воопшто не е профил за консензуален претседател и е спротивност на концептот едно општество за сите.

Таа во ниту еден сегмент не даде поддршка на тоа што цел свет го поддржува и огромното мнозинство на граѓаните. Македонија направи голем чекор напред, отидовме во исполнување на нашите децениски аспирации. Ние денеска сме земја каде што секоја недела се ратификува протоколот за НАТО, ние сме земја што е преговарач со ЕУ”, таа е надвор од секој концепт на живот, надеж и живеење на огромно мнозинство од граѓаните“, изјави Заев.

Премиерот не сакаше да открива можни имиња за кои разговарале со Ахмети, но рече дека до крајот на неделата ќе биде познато дали е прифатлив консензуален кандидат, откако ќе се направат внатрепартиски консултации.

За можно неисполнување на цензусот Заев остава на одговорноста на граѓаните. Вели дека во анкетите 78 отсто велат дека ќе излезат во двата круга, но тој сепак смета дека зависи од тоа колку партиите ќе ги мотивираат гласачите во предизборната кампања.

По средбата со Ахмети, Заев најави средби и со Мендух Тачи, Африм Гаши, Биљал Касами и Зијадин Села.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.