ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заев сака проголемо мнозинство

Премиерот Зоран Заев вели дека ќе продолжи со напорите за проширување на мнозинството иако гласањето за доверба покажа поддршка од точно 62 пратеници, како и досега. Најавува нови политики за деблокирање на работата на Собранието и функционален консензус.

Гласањето доверба на Заев, според пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми докажа дека опозицијата не била во право кога тврдела дека има поделби.

„Се потврди дека опозицијата е дезориентирана, дезорганизирана затоа што три или четири месеци по ред слушнавме како нема парламентарно мнозинство, како парламентарното мнозинство е на стаклени нозе, дека ќе покренат постапка за недоверба на Владата и како тие би формирале ново парламентарно мнозинство. Верувам дека вчера беше потребен чекор, или неопходен од премиерот, ако можам така да кажам“.

Гласањето на доверба без расправа, за ВМРО ДПМНЕ е доказ за недовербата на Заев кон мнозинството. Според Никола Мицевски, се докажа дека Заев нема поддршка од пратениците од опозицијата.

Заев нема да добие ниту поддршка од пратениците од опозицијата од редовите на Албанците, велат од Алијанса за Албанците и Алтернатива. Според Скендер Реџепи, доколку им се даде можност за дебата, опозицијата ќе откриеше многу аргументи зошто Владата не заслужува доверба.

„Владата немаше храброст да се соочи со аргументите на опозицијата за сите нивни шестмесечни дела. Сè што би било дел од можниот договор за коалиција, ќе биде објавено јавно, транспарентно, со докази, со аргументи и со програма. Во спротивно, пратениците на коалицијата Алијанса и Алтернатива не се на продажба за било каква математика“.

Заев доби доверба од 62 пратеници во гласањето што тој самиот го иницираше, кое според него, потврди дека опозицијата не формира ново мнозинство.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.