Заев предложи СЈО да оди под команда на Русковска, ќе се гласа без ВМРО-ДПМНЕ
СЈО заминува во историјата. Лидерска средба нема. Откако опозиционерот Мицкоски не ја прифати поканата на Заев, премиерот предложи нов закон за Јавно обвинителство. Со новото законско решение, СЈО со обвинителите ќе функционираат во рамки на обвинителството за организиран криминал, кое пак ќе добие зголемени ингеренции, а на чие чело ќе биде актуелната шефица, Вилма Русковска.
„Скоро сите барања ако не и сите барања на опозицијата преку работни групи јавно истакнати се овозможени. Значи нема Катица Јанева, таа даде оставка, треба да се избере иднина на СЈО. За да се избере иднина решенијата беа да седнеме јас и Мицкоски и другите чинители и да бараме нов обинител на тоа посебно одделение за висока корупција. Еве и тоа го да не зависи вече од Мицкоски, Заев, Ахмети или било кој друг, го тргнавме и тоа прашања. Иднината на јавните обвинители и сите вработени е како сите што работат во јавно-обвинителскиот систем на државава, нивниот мандат истекува во септември 2020-та, имаат право да конкурираат, да бидат бирани како и сите други обвинители“. – изјави Заев.
Според креаторот на законот, прифатени се барањата на опозицијата, а во исто време е обезебедена целосна независност на новото обвинителство под ново име – Јавно Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела теритоија на земјата.
Еве дел од деталите од новото законско решение :
– Гранции за смостојност во работата со почитување на хиерархијата во Основното јавно обвинителство
– За составот – шефот и обвинителите ќе одлучува Советот на Јавни обвинители
– За разрешување со 2/3 мнозинство ќе одлучува Советот на Јавни обвинители
– Гранции за финансиска независност: висината на Буџетот ќе биде на предлог и на барање на шефот на новото Обвинителство, ќе се доставува до Министерството за финансии, Владата и до Собранието кои нема да можат да го менуваат предложениот финансиски план и се должни да обезбедат финансиски средства за непречена работа.
– Сите случаи кои се пред судовите, а се во надлежност на СЈО ќе ги застапува новото обинителство во фазата во која се застанати.
– Мандатот на сегашните обвинители од СЈО е до 15 септември 2020 година, со право на реизбор.
Премиерот Заев го очекува потребното двотретинско мнозинство за изгласување на законскоо решение пред септември, во предворје на датумот за почетокот на преговори со ЕУ.
„Јас верувам дека до крајот на јули може да постигнеме политички консензус за ова прашање, се надевам консензус во Собранието, ако не двотретинско мнозинство можеме да постигнеме, а законот да биде изгласан во Собранието и после враќањето на пратениците од одмор, после 26-ти зошто имаме време и тогаш. Не смееме да оставиме да влеземе во септември без никакви политички разговори или договори за ова исклучително важно прашање“. – изјави Заев.
Предлогот на Заев доаѓа по неуспехот да одржи лидерска средба и да се договори со ВМРО-ДПМНЕ за нов Закон за јавно обвинителство, со кој требаше да се реши и статусот на СЈО. Токму потребата од решавање на статусот на СЈО беше нотирана и во сите последни препорки од Брисел.