ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заев побара од пратениците да се гласа за доверба на Влада

Премиерот Зоран Заев попладнево дојде на собраниска седница и од пратениците усно побара да се гласа доверба на Владата.На седницата се присутни сите пратеници од владејачкото мнозинство.Според Деловникот прашање за доверба на Владата може да се побараат најмалку 20 пратеници во писмена форма и со образложување на причините. Прашање за доверба на Владата може да постави и Претседателот на Владата во писмена форма или усно на седница на Владата.Кога прашањето за доверба е дадено усно ,Претседателот на Собранието го известува за тоа претседателот на државата.Седницата за доверба на Владата треба да се одржи три дена по поставеното прашање, во сабота.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.