ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заев не кажува дали бизнисмените ја споменале Јанева – веќе четврти ден ни трага ни глас од неа

Каде е Катица Јанева, не знае никој, или пак свесно не се открива. Обвинителката четврти ден се крие од јавноста. Ја нема јавно да проговори иако е клучна фигура во случајот „Рекет“ во кој Боки 13 и Зоки Кичеец се осомничени дека уценувале и изнудиле 1,5 евра од бизнисмен.  обвинителството не побарало од МВР никакви мерки за Јанева, ниту да ја лоцираат дали е во државата. Засега е само јавно дека телефонот кој и беше запленет на денот на апсењето на Боки и Кичеец, уште се вештачи.
Премиерот пак денеска одби да одговори дали бизнисмените кои му кажале дека се рекетирани му ја споменале Јанева, но и дали му се заканиле дека ќе ги објават снимените разговори кои ги собрале како докази за рекетот и уцените- ако тој не пријави во обвинителството.

-Тоа ќе си ги прашате тие што тоа ви го кажале, или нивните адвокати, или кој и да е друг , јас во истрага немам намера да коментирам, одговори Заев,

Заев рече прв пат слуша и за случајот со бизнисменот Азманов,  проговори дека кон средината на јануари оваа година Боки 13-ка му барал 50 000 евра или стан за да не објави во јавност, наводно некакви документи од финансиска полиција. Дали и финансиската полиција е вмешана?

-Прв пат слушам дека некој вперил прст, но верпојатно е тоа така штом го истакнувате.Апелирам веднаш да се пријави случајот, да се отвори истрага и да се каже поединецот којшто тоа го направил, рече Заев.

На новинарско прашање премиерот денеска не сакаше да одговори ни за тоа дали Кики и Фрики, како псевдоними за високи функционери на СДСМ биле на вчерашниот централен одбор.

-Кога ќе ги соопштите со име и со презиме јавно за да може да ве тужат вас новинарите, тогаш ќе разговараме за име и за презиме. За мене Кики и Фрики не постојат, нагласи Заев.

Им држеше лекција на новинарите да ги објавеле имињата и да си сносат самите одговорност, оти тоа значело истражувачкото новинарство.

Инаку денеска, обвинителката Вилма Русковска рече оти во меѓувреме добиле нови пријави од други бизнисмени кои биле уценувани од осомничените . Некои од нив веќе дале изјава, ама уште се комплетирале доказите па не се открива колкумина се и други детали. Како и дали во врска со случајот за Азманов има отворена постапка.
Катица Јанева си депонираше оставка на денот на апсењето на Боки 13-ка, а на 16-ти овој месец си отворила и боледување.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.