ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заев: Не е потребен потпис на Иванов – одлуките денеска во „Службен весник“

Одлуките за уставните измени за имплементација на Договорот од Преспа и за измените на Уставниот закон денеска ќе бидат објавени во „Службен весник“, со што тие стапуваат на сила.

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање, за тоа што претседателот Ѓорге Иванов одбива да потпише ваква одлука, изјави дека неговиот потпис не е потребен.

-Фала Богу и не треба потпис на новата одлука од претседателот Иванов. Вчера заедно со измените,  Собранието донесе и проглас за амандманите и проглас за Уставниот закон, рече Заев.

Заев додаде дека веднаш по објавувањето во Службен весник македонското МНР ќе испрати известување до грчкото МНР.

– Верувам дека уште на почетокот на идната седмица со објавувањето во Службен весник денеска на донесените вчерашни одлуки ќе ја испратиме нотата од нашето МНР до МНР на Грција да знаат дека е завршен нашиот процес. Веднаш после тоа тие влегуваат во нивниот процес за ратификација на Договорот, а веднашп после тоа и за ратификација на протоколот за членство во НАТО. Со тоа стапува во сила Договорот од Преспа. Следува нашата обврска да пуштиме писмо до сите земји во светот за одлуката што ја донесе македонскиот Парламент, тоа е дел од обврската од Договорот и тоа ќе го направиме, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.

Тој во неколку наврати го користеше името Република Северна Македонија иако уште не е стапен во сила Договорот, а причина за тоа, како што рече, е да укаже на сериозноста на одлуката што е донесена во македонскиот Парламент.

– Да, спомнав, за да сфатат граѓаните, првин од устата на премиерот, за сериознаоста на одлуката што е донесена во нашиот Парламент. Договорот стапува во сила откако ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент. Примената е јасно опишан внатре. За меѓународна употреба стапува веднаш, за домашна употреба со отварање на поглавјата не повеќе од пет години е опишано детално. Но дефинитивмо, тоа е решението кое го прифативме и кои ги отвора перспективите на целиот наш народ и нашата земја, истакна премиерот Заев.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.