Заев: На денот на гласањето ќе се знае дали има двотретинско мнозинство за уставните измени

Премиерот смета на пратеничките гласови од албанскиот опозициски блок. На утрешната средба со Билал Касами ќе разговараат за испорачаните барања од БЕСА преку амандмани за уставни измени. Освен со Касами, за поддршка на измените на Уставот во последната клучна фаза, се најавува средба и со лидерот на Алијанса за албанците Зијадин Села. Заев е оптимист за двотретинско мнозинство, но вели бројката ќе се знае на денот на гласањето.
„Ќе кажам дека ќе сторам се до последен момент за да го избереме двотретинското мнозинство и тоа ќе го соопштиме на јавноста во моментот на гласањето или ќе споделиме задоволсво од тоа што е постигнато.“ – изјави Зоран Заев.
Генералниот секретар на НАТО очекува целата процедура да заврши до средината на февруари, но според Заев може да се забрза, а со тоа и Грција да биде првата држава која ќе стави потпис на протоколот за членство на Македонија во НАТО алијансата.
„Не се согласувам со Столтенберг и верувам дека во јануари ќе скицираме протокол, зошто да чекаме до крајот на февруари или почетокот и грчкиот парламент, покрај договорот од Преспа, да биде првата земја која ќе го ратификува протоколот од НАТО.“ – изјави Заев.
Во среда започнува третата и последна фаза од уставните измени. Со законот за амнестија и измените во кривичниот законик, власта ги има обезбедено гласовите од осуммината исклучени пратеници кои се потребни за двотретинско мнозинство, додека пак пратениците од ВМРО ДПМНЕ нема да учествуваат во оваа фаза. Последното гласање за измени во Уставот е најавено за десетина дена