ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заев и Села се договорија – прифатени дел од барањата во замена за гласовите за уставни измени

Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села се договорија. Заев ќе може да смета на гласовите на Алијансата на Албанците во гласањето на финалната фаза за измени на Уставот, откако прифатил дел од нивните барања на попладневната средба. Алијансата ќе ги поддржи уставните измени, откако било договорено во преамбулата да се избрише зборот „граѓани кои живеат во границите“ и се набројуваат сите заедници.

Заев вели дека според таа формулација, излегува дека тие привремено живеат во Македонија и оти со бришењето на зборовите „кои што живеат“ ќе се избегне чувството кај Албанците и другите заедници дека привремено живеат во земјава. Од преамбулата е тргнат и зборот „граѓаните“ кој два пати се споменува. Граѓаните на Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, турскиот народ… ќе биде конечната формулација во Преамбулата.

Премиерот го отфрлил барањето на Беса за албанскиот да биде втор службен јазик во Македонија.

Коалиција „Алијанса за Албанците“ (ДР-АДП, УНИТЕТИ, НДП) има тројца пратеници: Зијадин Села, Весел Мемеди и Сурија Рашиди. Од Алијансата за Албанците поднесоа шест амандмани кои се однесуваат на унапредување на употребата на албанскиот јазик, измени во делот на државјанството т.е. да не стои Македонци, како и барање да се наведе дека државата е мултиетничка, а наместо дијаспора, да се наведат етничките заедници. Речиси идентични барања имаат и од Беса на Касами, од каде велат дека тие не го запираат интегративниот процес, како што претходно обвини вицепремиерот Бујар Османи.

За барањата на двете албански опозициски партии, премиерот Заев рече дека ќе преговара бидејќи „висат“ потребните гласови за двотретинско мнозинство, потребно за последната фаза од уставните измени.

,,Не може низ призмата на еден или друг политичар да ја врзуваме судбината на државата, тоа и ним им е јасно. Касами и Села не се најважни фактори во оваа ситуација, има позначајни влогови од нивните барања, тоа се Брисел и САД, изјави Нано Ружин за „Макфакс“ по повод барањата на лидерите на Беса и „Алијансата за Албанците“ за воведување двојазничност на целата територија на Република Македонија и бришење на зборот „македонско“ од државјанството на граѓаните, а сѐ со цел да дадат поддршка за уставните измени што се ставени на утрешниот дневен ред во Собранието.

Седницата за уставните амандмани е закажана за утре. Во исто време пред Собранието е најавен протест на ,,Македонија – Блокира” во 12 часот против уставните измени.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.