Заев и министри во посета на „Ист Гејт Мол“: Добиваме најмодерен трговски центар на Балканот
Премиерот Зоран Заев заедно со уште неколку министри, беше во посета на „Ист Гејт Мол“ во Скопје, каде во моментов се одвиваат градежни работи, и во есен треба да биде отворен.
„Ми претставува чест и задоволство што сме првите посетители на ‘Ист Гејт Мол’ во Скопје. Можам да кажам дека ова ќе прерасне во најмодерниот трговски центар на Балканот. Официјалното отворање го очекуваме за неколку месеци. Скопје ќе го има најголемиот трговски центар. Ќе носи 250 меѓународни и локални брендови меѓу кои Масимо Дјути, Зара, Бершка…
Оваа инвестиција изнесува повеќе од 350 милиони евра. Комплексот е од 500 илјади метри квадратни, која ќе содржи и станбени и деловни згради“, рече премиерот Заев.
Тој истакна дека со овој трговски центар градот добива модерен лик и станува атрактивно место за посета.
„Градот со овој трговски центар го добива модерен линк, и станува атрактивно место за посета на странските. Да се видиме есента на отворањето на овој грандиозен објект“, рече премиерот Заев.