ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заев и Ахмети ќе договорат заеднички кандидат за претседател

Најдоцна до 8 февруари претседателот на собранието ќе ги распише претседателските избори, кои ќе се одржат првиот круг на 21 април, а вториот на петти мај најави Џафери.

На крајот од месецов социјалдемократите ќе одлучуваат околу претседтелскиот кандидат но и дали во пакет со претседателските ќе има и предвремени парламентарни избори, како што бара ВМРО-ДПМНЕ.

Вицепремиерката Шекеринска не кажа директно дали се гледа како претседателски кандидат,но рече дека опозицијата прави алиби и подготовка на јавноста за бојкотирање на претседателските избори, затоа што знаеле дека резултатот ќе биде лош

Од ВМРО-ДПМНЕ не отстапуваат од барањето за двојни избори, нема потврда за можен бојкот, но велат дека сите опции се отворени

Досега само ДУИ се изјаснија децидно дека се против предвремени парламентарни заедно со претседателските.

Од партијата потврдија дека до крајот на месецот Заев и Ахмети ќе договорат заеднички кандидат за претседателските избори кој најдобро ќе ги претставува граѓаните и кохезивноста на општеството – изјави денеска Артан Груби.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.