ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заев: Изборите може да се одложат ако не се донесат суштинските закони

Блокирањето на суштинските закони кои се однесуваат на платите и пензиите може да го одложи одржувањето на предвремени парламентарни избори.

Ова го соопшти Премиерот Заев упатувајќи порака до политичарите дека парламентот нема да се распушти ако не се усвојат законите кои се од интерес на граѓаните.

Изјавата на Заев предизвика реакции во законодавниот дом.

СДСМ бега од избори, возврати ВМРО ДПМНЕ.

Партиите на Албанците, ДУИ и БЕСА бараат да се почитува договореното и изборите да се одржат на 12 април.

На дневен ред на собраниска седница ставени се 125 закони од кои најголемиот дел треба да се донесат по скратена постапка.

Меѓу нив се и законите за одбрана и за јавно обвинитество за чие носење е неопходно двотретинско мнозинство и косензус на партиите кој во моментов го нема.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.