ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заев: До средината на 2019 мораме да испорачаме резултати за да ги отвориме преговорите

Премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со заменик државниот секретар на САД, Џон Саливан, оцени дека неговата посета е уште еден доказ за постојаната и континуирана поддршка на САД на Република Македонија.

Заев нагласи дека главните стратешките цели остануваат членство во ЕУ и НАТО и порачна дека Македонија е посветена на регионалната соработка и се залага за силен и стабилен Балкан со поддршка на ЕУ и САД.

– Во денешниот разговор потенцирав дека во Република Македонија создаваме услови за политички амбиент што ќе ја овозможи реализацијата на Договорот од Преспа во целост и дека ризиците ги сведуваме на минимум, а успешната завршница во Собранието е нашиот билет да влеземе во НАТО – рече Заев.

Тој додаде дека Владата останува посветени на реформите за да се испорачаат кредибилни резултати и да се потврди одлуката за отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

– Паралелно со процесот на спроведување на Преспанскиот договор, на нас ни останува со истата енергија да продолжиме со реформите во правосудството, безбедносните служби и јавната администрација. Мораме да бидеме сигурно дека до средината на наредната година ќе испорачаме кредибилни резултати за да се потврди одлуката на Советот на Европа за отворање на преговорите со ЕУ – порача премиерот.

Тој зборуваше и за процесот на уставни измени чија усешност рече ја гарантира тоа што активно учествуваа огромен број пратеници, не само осумте од ВМРО-ДПМНЕ туку и други. Заев посочи дека во насока на гаранција за успешен процес е и тоа што во амандманите е врадено сето тоа што е во рамки на договорот со Грција, а беше предложено од опозицијата и од македонските и од албанските партии.

– Дури и сегашните амандмани се уште една потврда за нивната гаранција. Најголем дел од тоа е прифатливо за да ги подобриме уставните амандмани, за уште еднаш да бидат сериозна потврда за зголемувањето или најмалку одржување на двотретинското мнозинство кое е потребно да даде поддршка кон средината на јануари – порача премиерот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.