Заев го проветри СДСМ
Метлата паркирана на Илинденска број 2 – министрите растрчани на терен. Сите судбината ја оставаат во рацете на премиерот, а премиерот воздржан мери и премерува – порачува се движи на границата од 1/3. Земјоделие, култура и новото министерство за политички систем по автоматизам ќе добијат нови министри. Според информациите се лицитира и со локална самоуправа, но и транспорт и врски. Токму министерот за транспорт Горан Сугаревски денеска промовираше проекти, вели каква му е судбината ќе реши Заев.
И Фазлиу воздржан – тој се споменува во чистката, поради најавата дека неговиот партиски шеф Весел Мемеди, ќе добие безресорно минситерство, наместо тоа за локална самоуправа. Вицепремиерот Кочо Анѓушев зад кого синоќа, пак Заев застана во одбрана, бил релаксиран.
Министерот за животна средина, кого ДУИ го најавува како нов минситер во новото министерство ги избегна новинарите, според СДСМ тој воопшто не треба да остане на Илинденска. Ниту од неговата матична партија не беа расположени за повеќе информации. Пратеникот Артан Груби за следниве неколку дена најави нова средба меѓу Заев и Ахмети, потенцирајќи дека станува збор за коалициска влада каде одлуките, како што рече се носат заеднички.
Неофицијално токму околу Садула Дураку се сопнале Заев и Ахемти. Лидерот на ДУИ информациите тврди дека му е неопходен во Владата, за СДСМ пак нема диелма дека тој не може да биде повеќе во кабинетот на Заев.
Министерската смена е најавена најдоцна за15 јуни, ЦО мора да дадед пас. Освен министри, според информациите на ТВ 24 –ќе бидат сметени и околу 30 директори ,меѓу кои според партсики извори од СДСМ, најизвесен е директорот на МЕПСО. Во директорската чистка ќе летаат и директори од ДУИ, а Заев веќе му кажал на неговиот коалициски партнер од кого е најнезадоволен.
Премиерот синоќа само кусо порача дека ќе бидат сменети најмалку тројца министри, но не откри кого го планира за замнеа на новиот генерален секретар.
„Секаде каде се покажала ароганција, ќе се случат промени, затоа што само така е во ред. Имаме слабости и кај градоначалници, и кај директори, оти ветивме живот за сите, тоа мора да го исполниме. Ќе бидат повеќе министри, бројката не ја кажувам, блиску сум од бројка од една третина“. – изјави Заев.
Според информнациите во дел од метлата ќе бидат зафатени и помалите коалциски партнери на Заев , кои речиси сите се сместени во безресорните сектори.