Заев: Го заклучуваме 15 јули како датум за избори, преку глава ни е од политички игри
Свесен сум дека на сите ни е преку глава од политички игри. Го заклучуваме 15 јули како посследен датум за избори. Разговарам со Христијан Мицкоски денеска и тој потврди дека е подготвен да учествува на избори на 15 јули. Изборите ќе бидат во среда што ќе биде неработен ден, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференцијата од партиското седиште што се одржа попладнево.
„Свесен сум дека на сите ни е преку глава од политички игри. Се знае кој во минатото бил најодговорен пред народот и државата. За да не страда народот, го заклучуваме 15 јули како последен датум за избори. Денеска повторно разговарав со Мицкоски и тој ми потврди дека е согласен да учествува на избори на 15 јули. Изборите ќе бидат во среда, кој ќе биде неработен ден“, истакна Заев.
Одговорност е, како што истакна лидерот на владеачката партија, е да се направи максимум во обезбедувањето на институции што нормално ќе функционираат.
„Потребно ни е активно Собрание, потребна ни е комплетно функционална политичка влада, пред сè, за граѓаните, а потоа и на власта и на опозицијата. Само на тој начин може подготвени да ја дочекаме есента. Поголема криза од оваа не може да издржиме со техничка влада и без Парламент“, нагласи Заев.
Тој додаде дека очекува Мицкоски јавно да излезе и да потврди дека прифаќа избори на 15 јули, а се очекува од претседателот Стево Пендаровски да прогласи уште една вонредна состојба за усогласување на датумот.