Заев: Гоце Делчев е македонски револуционер, но во Бугарија го сметаат за бугарски револуционер
Премиерот Зоран Заев денеска на заедничката прес-конференција со новиот Евроамбасадор Дејвид Гир, на прашање за Гоце Делчев тој одговори:
„Гоце Делчев е македонски револуционер, но факт е дека Бугарија и Бугарите го сметаат за свој револуционер. Ние го имаме Делчево како град, тие имаат град Гоце Делчев. Имаме споменици насекаде низ Северна Македонија и низ Бугарија. Заедно со премиерот Борисов се поклонивме на споменикот на Делчев во Софија, но и на гробото на Гоце Делчев во Скопје. Реалноста и фактите се тие“, рече Заев додавајќи дека историските личности треба да ги гледаме како основ за градење на уште подобри врски меѓу македонскиот и бугарскиот народ.