Заев ги повика градоначалниците да ја забрзаат изградбата на општинската мрежа за гасот
Од Новаци викендов премиерот Зоран Заев ги повика грдоначалниците од Пелагонискиот регион да ја забрзаат изградбата на општинските мрежи за гасот.
„Од 92 километри колку што изнесува кракот на гасоводот од Неготино до Битола досега се поставени 66 километри.Се работи во близина на Новаци и според планот до крајот на септември ќе бидат реализирани 90 отсто или 80 километри од гасоводната мрежа. Многу е важно во овој процес забрзано да работат и општините, за да ја градат општинската мрежа и гасот што побрзо да го донесеме до компаниите и домовите. Затоа сме овде и со градоначалниците на Пелагонискиот регион. Ги анализирамеможностите за субвенции или евтини кредити, за оспособување на внатрешните инсталации и према за пристап и избор на поевтон еколошки енергенс.Гасификацијата ќе донесе намалување на трошоците за енергија и намалени емисии на штетните емисии на гасови во воздухот. Оваа изјава има своја тежина искажана во близина на РЕК Битола, затоа што мерната станица овде ќе биде со најголем потенцијал. Дел од овој гасовод, ќе биде наменет за транзиција на работата на РЕК Битола кога ќе дојде време за тоа, односно кога електрична енергија наместо од јаглен ќе се произведува од гас.Ова е само дел од нашиот план за намалување на загадувањето на воздухот“, рече премиерот Зоран Заев.