И покрај тоа што по неодамнешниот престој во Македонија за време на инаугурацијата на новиот македонски претседател, српскиот претседател  Александар Вучиќ  изјави дека има мали шумови во односите Белград – Скопје, кои ќе треба да се надминат во следниот период,  сепак, македонскиот премиер вчера во србија имаше срдечно добредојде

Добредојдовте претседателе на владата – господине Заев, беше напишано на транспарентот на еден од мостовите, на новиот автопат што ја поврзува Србија со Македонија,  а пораката за добредојде беше напишана како на македонски така и на српски јазик, што му дава големо значење на вчерашното присуство на македонскиот премиер.

Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ вчера  присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26 километри кое поминува низ грделичка клисура од Коридорот 10.