Заев во Охрид – изградбата на минарето на џамијата е стопирано

Изградбата на минарето на Али пашината џамија е стопирана. За џамијата има само одобрение за конзерваторско – реставраторски работи и реконструкција но не и одобрение за градба тврди премиерот Зоран Заев.За ова прашање на заеднички состанок посел 5 мај ќе се бара решение со оглед на тоа дека станува збор за сензитивен период а Охрид е пример на соживотот и меѓурелигиското разбирање.
Во однос на палењето на трските долж охридско струшкиот регион Заев вели дека се преземаат конкретни чекори ,поднесени се кривични пријави а најави и санкции за сите оние кои постапуваат незаконски.
Претседателот на Владата Заев истакна дека целото охридско крајбрежје ќе се развива под контрола на државата ,екологистите и будното око на граѓаните за да може да се заштити природната реткост .