ЗАЕВ: БУГАРИЈА НЕ БАРА ПРОМЕНА НА МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ

Бугарија не бара од Македонија промена на уставот, вели премиерот Заев и додава дека верува дека ќе се постигне решение со источниот сосед за историските прашања. Сепак премиерот останува на ставот дека е можно и да нема решение и земјава да не ги почне преговорите со унијата во Декември, а причина за лидерска средба со Мицкоски не гледа бидејќи таа ќе одмогнела во процесот на евроинтеграции.
Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ се огласи на Фејсбук. Христијан Мицкоски вели доколку се прифати решение дека Гоце Делчец е етнички бугарин, кога тој ќе дошол на власт ќе ја поништел таа одлука.
Покрај вжештените изјави во јавноста од бугарска и македонска страна, членот на македонскиот дел на историската комисија Петар Тодоров за Студио 10 вели дека решение е можно доколку има воља.
Билатералниот спор со Бугарија ја спречува земјава и да го финализира договорот за гранично управување со Европската Унија. Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, за МИА потврди дека е во контакт со бугарската влада за да се најде решение за блокада на договорот за Фронтекс.