ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Зад кандидатурата на Пендаровски застанале над 60 пратеници, ќе се собираат и потписи

Повеќе од 60 пратеници се потпишале како поддршка на кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата, соопшти денеска пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацоски

Пратениците, како што рече, се од различни етнички заедници и од различни политички партии.

-Стево е нашиот избор затоа што веруваме дека е личност со интегритет, кој ќе биде вистински претседател на сите граѓани. Кој ќе се води од интересите на граѓаните и државата. Пратениците многу добро знаат колку е значаен изборот на претседател за државата, за граѓаните и за Собранието. На Република Северна Македонија не и е потребен нов Иванов. На граѓаните не им е потребен уште еден партиски послушник, кој е подготвен да делува спротивно на интересот на државата, да не почитува Устав, работејќи само во името на партијата и партискиот шеф, како што ни се случуваше во последните 10 години. На државата, на граѓаните потребен им е претседател кој влева доверба и сигурност, претседател кој гледа напред, работи заедно со сите прогресивни и демократски сили, ја води земјата кон ЕУ и НАТО, рече Кирацоски, кој ќе биде шеф на изборниот штаб на Пендаровски.

Покрај тоа што законскиот услов за кандидатурата на Пендаровски е исполнета со потписите на пратениците, Кирацоски најави дека и гражаните ќе можат со своите потписи да дадат поддршка со потпис во подрачните единици на ДИК низ државата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.