Загдувањето го празни градот, а ги полни бониците

Ова е поглед на Скопје од Водно, градот речиси и да не се гледа од мешавината на магла, смог и загаден воздух. Граѓаните се затвораат во затворени простори, маските полека но сигирно стануваат задолжителни за секој подолг престој на отворен простор. Болниците се полнат со пациенти кои се жалат на респираторни проблеми. Дел од мерните станици не работат, а оние кои мерат покажуваат во одредени интервали во денот и по 10 пати поголеми концентрации на пм 10 честички во воздухот. Според овие податоци, најзагадени градови во изминатите денови беа Скопје, Битола и Тетово. Податоците од мерните станици покажуваат дека загадувањето од ден на ден се повеќе расте.
Печење на очите, главоболки, чешање на грлото се само дел од симптомите кои ги чувствуваат граѓаните како последица на загадениот воздух. Дел од нив го користат секој момент да побегнат на Водно, во потрага по чист воздух. Така беше и денеска. Пензионери, мајки со деца бегаат од градот со надеж дека барем некој час ќе подишат чист воздух.
Клиниката за детски болести во овој период од годината работи со зголемен интензитет. Директорот на клиниката за детски болести Ангелчо Андоновски вели дека иако во овој период од годината е очекуван зголемениот број на пациенти, сепак загадениот воздух дополнително придонесува за голем број деца помош да побараат на оваа клиника.
Во меѓувреме додека граѓаните чекаат конкретни и видливи мерки од надлежните, на социјалните мрежи тие се организираат за бојкот на наставата доклку не се преземат интензивни мерки за справување со загадениот воздух.