ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Заврши примирјето меѓу Израел и Хамас – Израел продолжи со напади врз Газа

Со предупредувачкиот „Црвен Аларм“ по седумднвен прекин на огнот, утрово продолжија борбите во Појасот Газа. Само 30 минути по завршувањето на примирјето, Израел објави дека во ракетните напади биле погодени цели на Хамас. Од таму стигна и обвинивение до терористичката организација дека го прекршил примирјето со истрелување ракети од негова територија. Министерството за здравство на Газа, со кое управува Хамас, објави за убиство на 32 лица во првите три часа по завршувањето на прекинот на огнот. Вчера американскиот државен секретар Блинкен го предупреди Израел дека продолжувањето на воените операции во Газа ќе треба да се одвива поинаку, а земјата ќе треба прецизно да одреди цели каде цивилите ќе бидат надвор од опасност.

„Нема да се откажеме додека секој еден заложник не биде вратен дома со семејствата и саканите. Истовреме продолжуваме во служба на хуманитарната помош.“- Ентони Блинкен, Државен Секретар на САД.

Додека двете страни се обвинуваат меѓу себе за повторното започнување на насилството по една недела во која Хамас ослободи над 100 заложници во замена за 240 палестински затвореници, утрово, израелски авиони фрлија летоци над областите источно и северно од градот Кан Јунис, со мапа што ќе им овозможи на жителите на Газа да се евакуираат од одредени места за нивна безбедност доколку е потребно. Пораката на арапски само им порача на жителите од четири именувани области веднаш да се евакуираат и да одат во засолништата кај Рафах“, на кои меѓу другото на арапски е испишано „Предупредени сте“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.