Заврши боледувањето на Јанева, од денес пак е на чело на СЈО
Од таму додаваат дека за Јанева во моментов не се води никаква кривична постапка и нема зошто таа да не се врати на работното место.
Јанева ја немаше во јавноста една седмица и за прв пат по случувањата за „Рекет“ таа денес даде изјава пред јавноста во која тврдеше дека не ја злоупотребила службената положба и овластување.
Јанева во изјавата ги охрабри надлежните органи да ја истераат постапка до крај и им порача на граѓаните да направат разлика меѓу тоа како изгледа кога си чист и како кога некој е виновен и бега од јавноста.
„Од моментот на мојот избор за јавен обвинител бев цел на дневно политичко препукувања на партиите, но не сакам да оставам погрешен впечаток. Се нафатив на функцијата и свесна сум дека ќе бидам цел на напад и деградирање. Сериозна чест е да се биде на чело на ваква институција. Го разбирам интересот на јавноста за случајот „Рекет”, носител сум на јавна функција и дозволете ми да ви се извинам што подолго не излегов со свој став во јавност. Не ми беше лесно да го следам јавниот линч, но решив дека е најдобро да оставам впечаток дека се мешам на било кој начин во истрагата. За „Рекет” најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно ,ниту со сторување, ниту со несторување не сум ја злоупотребила службената положба. Јавно охрабрувам да се истера до крај оваа постапка”, изјави Јанева.
Специјалната обвинителка посочи дека се познава со Бојан Јовановски и дека не криела дека нејзиниот син работи во СЈО, но ова не значи дека се преземени било какви кривични дејствија.
„За жал подолг временски период до мене допираат гласови дека не само Бојан, туку и многу други го злоупотребуваат моето име. Ја депонирав мојата оставка и со мојот чекор сакам да бидам пример за сите останати и со тоа покажувам висока професионална свест и потврдувам дека нема со никаков начин да влијаат на случајот „Рекет”. Граѓаните да направат разлика што значи да си свесен дека си чист и кога некој бега од јавноста. СЈО е поголемо и позначајно од мојата функција и ќе остане симбол на беспоштедна битна, и оставам во наследство 10 тина затворени истраги и спремни за процесирање, додаде Јанева.