„Жолтите елеци“ тргнаа на седиштето на ЕУ, реагираше полицијата (ВИДЕО)
Француската полиција употреби солзавец за да ги потисне демонстрантите од движењето „жолти елеци“, кои се обидоа да стигнат до зградара на Европскиот парламент во Стразбур Припадниците на „олтите елеци“ демонстрираат низ Франција 25-ти викенд по ред против политиката на претседателот Емануел Макрон, два дена откако тој ги објави своите предлози за намалување на даноците и други мерки како одговор на барањата на демонстрантите.
Во Стразбур се собраа околу две илјади демонстранти во близина на седиштето на институциите на ЕУ, но полицијата употреби солзавец за да ги потисне. Француските телевизии објавија снимки на кои се гледа како демонстрантите возвраќаат со фрлање камења и други предмети врз полицијата.