ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Жолтите елеци притискаат, Макрон во рикверц

Под притисок на протестите на „Жолтите елеци“, француската влада го одложи еко-данокот, а сега донесе одлука да го стави целосно под мраз за 2019 година. Сепак, притисокот врз претседателот Макрон и натаму се зголемува.

Емануел Макрон всушност имаше намера да оствари напредок во заштитата на климата. Повисоките цени на енергијата требаше да ги натераат Французите да бидат повнимателни во трошењето на струјата, нафтата и другите енергенси. Наместо тоа, тој го предизвика народот да излезе на улица.

„Жолтите елеци“ и за претстојниот викенд повикуваат на протести. Тие би требало да се одржат, меѓу другото, пред Елисејската палата и на Шанзелизе. Владата ќе мобилизира 65.000 припадници на безбедносните служби ширум земјата за да спречи безредија како минатиот викенд. Се вели дека ако е неопходно, може да биде активирана и армијата.

И покрај критиките на Макрон, граѓаните и натаму му даваат голема поддршка на протестното движење

Премиерот Едуар Филип ги опомена демонстрантите на умереност. „Во прашање е безбедноста на Французите и на нашите институции“, рече Филип во парламентот. Тој ги повика сите актери да се однесуваат одговорно. Престедателот Макрон, пак, уште еднаш остро ги нападна лицата кои учествуваа во безредијата: „На некои единствена цел им е да ја нападнат Републиката“.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.