„Жолтите елеци“ порачаа: Нотр Дам не е единствениот проблем во земјата
Француските „жолти елеци“ денеска протестираа за да ја потсетат државата дека обновата на катедралата Нотр Дам не е единствениот проблем којшто треба да биде решен.
Како што наведе „АП“, на денешните протести, досега се уапсени околу 70 лица.
Според наводните на агенцијата, една група се собрала околу министерството за финансии барајќи намалување на даноците за работниците и пензионерите, и зголемување на данокот за богатите.
Дел од демонстрантите се наоѓаат пред Нотр Дам за да ја искажат тагата поради недамнешниот пожар, а полицијата спречила влез на околу 200 лица во Елисејската палата.
„’Жолтите елеци’ сакаат да изразат негодување што за четири дена е собрана милијарда за зградата, а нема за сиромашните“, напиша вчера Пјер Дерије на фејсбук страницата на групата „жолти елеци“.
Околу 60.000 полицајци се распоредени на денешните протести ширум Франција.