ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Жителите на ЕУ трошат по 300 евра годишно за алкохол

Секој жител на Европската Унија во 2017 година за алкохол потрошил просечно по 300 евра, а во секое домаќинство 1,6 осто од вкупниот буџет отишол на жестоки пијалоци, вино и пиво, покажуваат податоците на Евростат.

За алкохолни пијалоци, во ЕУ се потрошени 130 милијарди евра во 2017 година, што е 0,9 отсто од БДП на Унијата. Најмногу алкохол се пиело во балтичките држави. Лидер е Естонија, каде што 5,2% од приходите одат на алкохол, Латвија со 4,9% и Литванија со 4%.

По нив се Полска, каде во просек 3,5% од приходот се троши за алкохол, Чесите 3,3% и Унгарците со 3%. Најмалку трошеле Шпанците, Грците и Италијанците.

Европа има највисоко ниво на консумација на алкохол во светот и највисока стапка на смртност поврзана со неговата употреба, според Светската здравствена организација. Иако Естонија е лидер во рангирањето, земјата неодамна доби пофалби од СЗО за промени во законодавството во однос на цената, рекламирањето и начинот на кој се продаваат пијалаците.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.