ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ЕЦБ без одлука за промена на каматните стапки

Европската централна банка (ЕЦБ) повторно не направи измена во стапките, иако ова може да биде последен состанок на централните банкари во евро-зоната каде е донесена ваквата одлука.

Повеќето аналитичари очекуваат првото намалување на каматните стапки да се случи во јуни, додека ЕЦБ, која ќе заседава во мај, изјави дека за монетарната политика нема да се одлучува на состанокот што ќе се одржи во Ирска.

По одлуката на ЕЦБ, каматната стапка на депозитите ќе остане на 4 %, на операциите за главно рефинансирање на 4,5 %, а на маргиналните кредитни капацитети на 4,75 %, се вели во соопштението на Европската централната банка. Овие каматни стапки се на сила од септември и се највисоки од периодот на формирањето на евро-зонатa.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.