ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ЕУ реагира на објавата на Вучиќ на Инстаграм за Косово и крстот

Картата на косово покриена со српското знаме, која српскиот претседател Алаксандар Вучиќ ја објави на Инстаграм, каде напиша дека Косово е српски крст, предизвика експресна реакција на Брисел.

Лидерите во Белград и во Приштина да придонесат за помирување, а не да работат спротивно, реагираше Европската унија со предупредување да се воздржат од активности што ќе влијаат на процесот на нормализирање на односите.

ЕУ секогаш ги повикуваше сите политички чинители во Србија, Косово и остатокот од регионот да се вклучат во активности и декларации што создаваат и промовираат атмосфера погодна за помирување, регионална стабилност и соработка, наместо да го прават спротивното“, изјави портпаролот на ЕУ. Инаку, објавата на Вучиќ на Инстраграм, била по повод годишнината од насилството на Косово, на 17-ти март 2004 година.

„Косово не е наше бреме, туку наш крст, и од крстот подобро се гледа воскреснувањето отколку од под него“, стои во објавата на српскиот претседател.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.