ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ЕУ лидерите не се договорија кој ќе го наследи Јункер

Европските лидери не се договорија кој ќе го налседи претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, во наредните пет години, по изборите кои го изместија европскиот политички пејсаж. Германската канцеларка Меркел го поддржува својот сограѓанин Манфред Вебер, но за голем дел од европските лидери тој нема политичко искуство за челната позиција во ЕУ, а фактот што не говори француски јазик е дополнителен проблем. По завршување на тензичниот прв состанок по изборите, Меркел рече дека разговорите биле продуктивни, но имињата не биле спомнати.

  • Не зборувавме за конкретни имиња, а имав и билатерална средба со Емануел Макрон, и добро е познато дека не го поддржува системот на „прв кандидат“, но сите мора да ја прифатиме ситуацијата каква што е. Јасно е дека ЕПП е најсилната група во парламентот, но немаат мнозинство. Сите ќе треба да размислиме за оваа позиција, но важно е да ја задржиме можноста за делување, изјави Меркел. 

За Макрон, луѓето на овие чувствителни позиции треба да се најхаризматични и комепетентни.

  • Мојот приоритет е да имаме најквалификувани луѓе, оние кои го делат овој европски проект, кои се најквалификувани и кои ќе ја направат Европа силна. Не сум како оние кои сакаат да ја избришат конкуренцијата со цел да имаат лидер на Комисијата некој кој нема да може да ги засени лидерите на државите и владите. Потребни ни се силни лидери со силно искуство и легитимитет, смета Макрон. 

Макрон додава дека се залага ЕУ да има баланс, односно да ја водат две жени и двајца мажи, но не ги наведе имињата на своите фаворити. Макрон не инсистира на лидерската позиција да биде Французин, но важно е да говори француски за да се изрази јазичната разноличност на Европа. Во игра се главните фотељи на Европските инсистуции: претседател на ЕК, на Европкиот совет, ЕУ претставник за надворешна политика, претседател на Европската Централна Банка. И поради тоа работите се искомплицирани, првпат во 20 годони ниту левиот, ниту десниот центар не освоија мнозинство во парламентот и затоа ќе мора да коалицираат со уште една групација. Веројатно со либералите или зелените, но проблемот кај нив е што не го сакаат фаворирот на Меркел, Манфред Вебер. И тука почнуваат задкулисните игри. А ќе треба да се задоволат сите 28 членки. Но, лидерите ќе мора да делуваат брзо, бидејќи сакаат за наредниот самит на 20-ти јуни веќе да имаат нов претседател.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.