ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ЕСМ ќе штеди преку принудни одмори и кратење на непроизводни трошоци

ЕСМ ќе штеди преку принудни одмори

Дирекцијата и управниот одбор на Електрани на Северна Македонија поранешно ЕЛЕМ денеска ги чекаат раководителите на шесте подружници и четирите фирми ќерки да достават списоци на свои вработени кои би биле испратени на принуден одмор, откако компанијата пред десетина дена донела одлука за воведување на мерки за штедење. Освен принудни одмори ЕСМ најави дека ќе штеди и преку  намалување на исплати на некои додатоци на плата и дневници, како и рестрикции кај спонзорствата, репрезентации, службени патувања и набавка на возила кои не се поврзани и неопходни за производството.

„ВО ТЕК Е ПОСТАПКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА КОИ НЕ СЕ НЕОПХОДНИ ЗА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО ОДРЕДЕН ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД. ИЗВРШИТЕЛИТЕ НА УТВРДЕНИТЕ РАБОТНИ МЕСТА ЌЕ БИДАТ УПАТЕНИ НА ПРИНУДЕН ОДМОР НЕ ПОДОЛГ ОД ТРИ МЕСЕЦИ, СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ, СО ИСПЛАТА НА 70 ОТСТО ОД ПЛАТАТ“, СЕ НАВЕДУВА ВО СООПШТЕНИЕТО ОД АД ЕСМ.

Од ЕСМ за Телма велат дека немаат утврдено колкава сума сакаат да заштедат или пак колку работници ќе бидат испратени на принуден одмор. Тоа, велат, ќе се утврдува во постапка која би требало да заврши во деновите околу Нова година.

Образложението од ЕСМ за мерките е дека тие се воведуваат за намалување на трошоците во услови на енергетска криза. Дополнително, ЕСМ минатата година ја заврши со загуба од 16, 8 милиони евра, а информациите се дека и билансот на компанијата за 2021 ќе биде длабоко во негатива.

Поранешниот прв човек на ЕСМ Горан Рафајловски и актуелен професот на ФЕИТ, за Телма ваквите мерки за санирање на состојбата во која се нашла на компанијата ги нарече ад-хок.

„ОВА СЕ САМО МЕРКИ АД-ХОК И МОЖЕБИ МЕРКИ ВО ОЧАЈ. И СИТЕ ТИЕ МЕРКИ И ПОСТАПКИ КОИ НИЕ ГИ ПРАВИМЕ, КАКО ЛУЃЕ И КАКО МЕНАЏЕРИ ВО ОЧАЈ, СЕ МНОГУ ЛОШИ“, ЦЕЛИ РАФАЈЛОВСКИ.

Освен светската енергетска криза, голем влијание врз тоа што ЕСМ нема доволно капацитети, резерви и алтернативни решенија и носи вакви мерки кои ќе имаат социјален ефект лоцира тој лоцира и во лошото раководење на компанијата.

„СПОРЕД МЕНЕ МИСЛАМ ДЕКА ГЛАВНАТА ПРИЧИНА Е ЛОШ МЕНАЏМЕНТОТ ВО ОВОЈ СЕКТОР ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕСЕТИНА – ПЕТСНАЕСЕТ ГОДИНИ КАДЕ ШТО ЛУЃЕТО КОИ ШТО БЕА НА ВИСОКИ РАКОВОДНИ ФУНКЦИИ, ДАЛИ ОД ПОЛИТИЧКИ ПРИЧИНИ, ДАЛИ ОД НЕЗНАЕЊЕ, НЕ УСПЕАА ДА ГО СТАБИЛИЗИРААТ ЕЛЕМ И ДА ГО НАПРАВАТ ОДРЖЛИВ“, ВЕЛИ РАФАЈЛОВСКИ.

Според него ваквите мерки ќе доведат до некаква заштеда, но доколку се сака повеќе да се заштеди тогаш треба кратењето на трошоците да се прошири и на други институции и министерства, со што би се инјектирале доволно средства за увоз на електрична енергија.

„ДА СЕ ОБИДАТ ДА НАЈДАТ ДИРЕКТНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА КОИШТО ЌЕ ИМ ПОНУДАТ И НЕКОЈА ПОНИСКА ЦЕНА. И НА ТОЈ НАЧИН ДА ЗЕМАТ НЕКОЈ ПАКЕТ КОЈШТО НА СЛОБОДНИОТ ПАЗАР ЌЕ БИДЕ ПОМАЛ ОД ОНА ШТО ГО ИМАМЕ ИНЦИДЕНТНО НА БЕРЗИТЕ ИЛИ НА ОНОЈ, КАКО ШТО ГО НАРЕКУВАМЕ НИЕ, БАЛАНС МАРКЕТ ИЛИ ДЕН-ОДНАПРЕД МАРКЕТ, КАДЕ ШТО СЕ ЦЕНИТЕ МНОГУ СКАПИ“, ВЕЛИ РАФАЈЛОВСКИ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon

Можеби сте пропуштиле

Британската и македонската Влада денеска во Лондон го потпишаа договорот за соработка. На договорот се потпишаа британскиот министер за извоз Гарет Томас и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, свеченото потпишување се одржа во историската зграда на Стариот Адмиралитет во Лондон. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 5 милијарди фунти (6 милијарди евра) за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. „Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, го гледаме како нешто што ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво. Денес потпишуваме Договор Влада со Влада за развојни-инфраструктурни проекти во клучни сектори, како што се: транспорт, образование, животна средина, информатичка технологија, како и други сектори кои што ќе ги развиваме, тука е здравството, но и образованието и ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период. Навистина сме благодарни што Обединетото Кралство, со својот Инструмент за поддршка на надворешно финансирање, постави рамка од 5 милијарди фунти, што е најголемиот договор што Македонија го потпишала во својата историја во однос на економијата. Навистина сме благодарни за тоа и ова го гледаме како одлична можност за целата држава да се развива. Веќе имаме три проекти кои што се подготвени. Тоа е проектот за брзата железница на Коридорот 10, здравствениот проект за болници и секако проектот за образование, за Медицинскиот факултет, а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во секторите за енергетика и животна средина, но и други проекти секако“, изјави Николоски по потпишувањето. Министерот за извоз Томас рече дека ова партнерство „отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија“. „Велика Британија има богато искуство во испораката на висококвалитетна инфраструктура низ целиот свет и среќен сум што го започнувам ова ново партнерство што ќе им помогне на повеќе британски бизниси да извезуваат во Северна Македонија“, рече Томас. Од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство во првиот циклус од пет години ќе се повлечат околу 2,2 милијарди евра, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во емисијата „360 степени“. „Две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата. Никаде не пишува дека имаме задолжително повлекување на петте милијарди, а британската Влада гарантира дека Македонија кога ќе ги земе кредитите, ќе ги врати“, рече Димитриеска-Кочоска. Министерката рече дека таа не може да даде повеќе детали за парите, висината на каматата и се останато, се додека не добие готов проект на маса. „Ќе мора да седнеме и со министерот за транспорт да се разговара да каже кои се проектите и потоа ние како Министерство за финансии, покрај што ќе добиеме понуда од банката по процедурите од финансии, ќе си побараме понуда и од други меѓународни институции, затоа што тоа го налага законот. Така што, во овој момент не би можела да зборувам повеќе детали затоа што немам зрел проект пуштен во Финансии, врз основа на кој ќе барам понуда од повеќе банки и ќе излезам да кажам колку е точно каматата би било несериозно. Она што го знам и го имам како информација, се разговара за клинички во Штип, болница во Кичево и онаа брза пруга“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.