ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Есмеров за превирањата во ВМРО-ДПМНЕ: Колку што знам, Мијалков нема лидерски амбиции

Поранешниот партиски функционер вели дека не знае кој е точно мотивот на актуелнит лидер толку цврсто да се држи за фотелјата во белата палата, но претпоставува причина за тоа е слабиот демократски капацитет

Христијан Мицкоски да си даде оставка од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ и конечно да го исполни ветувањето што го даде во предизборието, вели во интервју за „Фокус“ Игор Есмеров, поранешен амбасадор на земјава во Унгарија, во периодот од 2014-2018 година, и поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека не знае кој е точно мотивот на актуелнит лидер толку цврсто да се држи за фотелјата во белата палата, но претпоставува дека најреална причина за тоа е слабиот демократски капацитет.

„Не знам дали ја држи лидерската позиција во партијата поради лукративни причини, среброљубие, суета, его, лични фрустрации или нешто шесто, но сигурно не ја држи поради испорачани резултати, визија или идеологија. Не сум психолог. Мислам дека слабиот демократски капацитет е најреалната причина“,

На прашање дали Мицкоски е во координација или под контрола на Никола Груевски, Есмеров одговара „не верувам“. Запрашан, пак, дали поранешниот директор Сашо Мијалков или можеби Митко Јанчев имаат лидерски амбиции, ексамбасадорот вели дека таквите информации се само спин за да се оттргне фокусот од одговорноста на Мицкоски за изборниот пораз.

„Колку што сум информиран, Мијалков немал никогаш лидерски амбиции во минатото, а уште помалку сега. Тие информации се само спин со кој би се оттргнало вниманието од одговорноста на лидерот за изборните порази и префрлање на целата вина на адреса на Мијалков. Се прави обид да се изгради наратив дека сите се виновни, само Мицкоски не е виновен, иако е претседател. Тоа е исто како при пропаѓање на една фабрика да ги обвините работниците, а не директорите“,

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.