ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ескобар:Косово и Србија да го следат примерот на Северна Македонија и Грција

Косово и Србија треба веднаш да почнат со спроведување на Договорот и да ги земат како позитивен пример односите меѓу Северна Македонија и Грција, порача специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Тој оценува дека клучен предизвик во регионот е борбата со корупцијата.

Постигнатиот договор меѓу Косово и Србија во саботата во Охрид е правно обврзувачки за двете страни од секој аспект. И двете земји ќе бидат оценувани за сработеното од Договорот, изјави на 20 март американскиот специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ексобар на брифинг со новинари од целиот Балкан.

Во саботата на 18 март во Охрид косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ се договорија со посредство на високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел, за спроведување на таканаречениот „бриселски предлог “ за нормализација на односите.

Овој Договор ќе продолжи да биде основа на американската политика како и на европската политика за проширување, а Косово и Србија треба веднаш да започнат со спроведување на Договорот за нормализација на односите, додаде Ексобар.

„Европскиот пат на Косово и Србија е крајно условен од спроведувањето на овој договор“, изјави Ексобар.

Тој се надева дека Косово и Србија ќе ги земат како позитивен пример односите меѓу Северна Македонија и Грција. Имаше многу симболизам тоа што настанот беше одржан во Охрид, во земја која има одлични односи и со Србија и со Косово, земја која што е најуспешниот модел за меѓуетничка хармонија во регионот, заклучи Ескобар.Косово треба веднаш да почне да ја подготвува својата верзија за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство, додека Србија треба да почне да ги признава документите и државните симболи на Косово. Ова се двете почетни точки од спроведувањето на Договорот кои Ексобар ги посочи како засега најважни.

За Ексобар, Самитот во Охрид беше успешен, затоа што, како што вели, го отвора патот за мирно и конструктивно градење на односите меѓу Косово и Србија. Без разлика што Вучиќ изјави дека не потпишал ништо, сепак ова е правно обврзувачки договор со обврски за двете страни и потписот не е прашањето, туку обврската која ја преземаа двете страни.

„Договорот за нормализација е почеток на меѓусебното помирување на Србија и Косово, ќе има многу работа да се заврши и надвор од овој договор. Дополнително, дијалогот во посредство на ЕУ ќе продолжи, а она што е важно е дека се одредени маркери како овие две земји ќе се движат напред, затоа имплементацијата мора да почне веднаш, за двете земји да ги почувствуваат бенефициите.“, кажа Ексобар на виртуелната средба со новинарите.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.