Ескалираа протестите во Венецуела, САД се заканува со санкции
Демонстранти се судрија со полицијата при што двајца загинаа а неколку стотици се повредени на пограничната линија на Венецуела со Колумбија. Полицијата во неколку наврати употреби солзавец кон демонстрантите. Привремениот претседател на Венецуела Хуан Гуаидо ја повика војската да му се придружи на народот и да помогне во уривањето на „диктатурата на Мадуро“. Сличен повик упати и советникот на национална безбедност на САД Џон Болтон кој ја повика армијата да му се придружи на Гуаидо.
„ Венецуелската војска има избор, да ги заштити цивилите и да дозволи да влезе хуманитарната помош во Венецуела или да се соочат со повеќе санкции и изолација“ напиша Болтон на Твитер.
Судирите почнаа кога волонтерите се обидоа да ги внесат камионите со хуманитарна помош во Венецуела преку затворената граница со Колумбија , каде Мадуро постави војска. Запалени беа и повеќе камиони со хуманитарна помош.