ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ердоган: јас не сум обичен лидер

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го отфрли барањето на официјален Вашингтон да не го купува рускиот систем за противвоздушна одбрана С-400. „Тоа е веќе завршена работа“, вели тој.

Претседателот Ердоган во интервју за ТВ24 изјави дека не се во ред американските предупредувања оти договорот меѓу Анкара и Москва за рускиот противракетен систем ќе предизвика проблем во однос на испораката на американските борбени авиони од типот Ф-35.

Според него, Турција редовно ги плаќа ратите за овие авиони.

„Досега плативме повеќе од милион долари“, рече тој, додавајќи:

„Тоа е потпишано и направено. Никогаш нема да се вратиме назад. Такво неморално однесување не ни одговара. Тоа не би било етичко. Ако се договориме, стоиме зад тоа. Никој не треба да бара од нас да голижеме она што го плукнавме. Јас не сум обичен лидер“.

Претходно, американскиот Стејт департмент уште еднаш ја предупреди Турција да не го купува рускиот систем.

Во таков случај, како што рече портпаролот на Стејт департментот Роберт Паладино, Вашингтон ќе ја преразгледа најавената продажба на Турција на 100 од последната, петта генерација на напредните авиони Ф-35.

Исто така Вашингтон би можело да се повлече од понудата за продажба на американскиот противракетен систем Патриот.

„Ние сме независна Турција. Ние не сме робови, па затоа преземаме чекори на секое поле во рамките на нашата слобода. Го направивме овој чекор со Русија: потпишавме договор за С-400 под многу поволни услови и испораката беше поместена за јули. Се надеваме дека ќе ја добиеме првата испорака во јули“, рече Ердоган.

Овој систем според Вашингтон, претставува закана за секое американско оружје.

Официјални претставници на НАТО, исто така, ја предупредија Анкара дека рускиот систем не може да се интегрира во воздушниот и ракетниот систем на Алијансата.

 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.