ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ердоган: Под контрола ставени 202 од вкупно 214 шумски пожари во 46 области низ Турција

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека од вкупно 214 шумски пожари во 46 области на Турција, под контрола се ставени 202, пренесува Анадолија.

Турскиот претседател на Твитер напиша дека од копно и од воздух интензивно продолжуваат операциите за гаснење на шумските пожари.

Тој прецизира дека во овие операции се вклучени 18 авиони за фрлање вода, 850 пожарникарски возила и танкери за вода, 57 хеликоптери, 150 градежни возила, девет беспилотни летала и 5.250 персонал.Ердоган рече дека во операциите се вклучени и четири авиони и еден хеликоптер, што се обезбедени од странство со придонес на приватниот сектор и невладините организации.  (МИА)

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.