Ердоган на опера кај Путин во Москва и во набавка на ракети

Mesto: Moskva Datum: 08.04.2019 Dogadjaj: POLITIKA - susret predsednika Rusije i Turske, Vladimira Putina i Redepa Tajipa Erdogana u Moskvi Licnosti: Vladimir Putin, Recep Tayyip Erdogan
Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган за да ги продолжат преговорите за системите за противвоздушната одбрана , со што уште повеќе го разлутија Вашингтон.
Доказ за добрите врски меѓу Турција и Русија е билатералната трговија , зголемена за 15 проценти, односно достигнала 25 милијарди долари, му кажа Путин на Ердоган во Кремљ.Како пример Путин го наведе гасоводот ,,Турски ток” , како и првата нуклеарна електрана Акакуј , во чија изградба помага и Русија.
Двајцата претседатели вечерва во Бољшој театарот во Москва ќе ја гледаат операта ,,Троја” во изведба на турскиот националњен ансамбл.
Турските односи , од друга страна , многу се влошија со САД , особено откако Турција набави напреден антиракетен систем С-400 од Русија .
,,Во нашите односи С-400 има посебно место.” , рече Ердоган. САД и се заканија со санкции на Турција доколку продолжи со договорот со Русија за набавка на ракетниот систем , а една од нив е забрана на испорака на американски воени невидливи авиони од последната генерација Ф-35.