ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ердоган: ЕУ сака да го собори Мадуро спротивно на „демократијата“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Европската унија дека се обидува да го собори венецуелскиот претседател Николас Мадуро игнорирајќи ја „демократијата“, пренесе АФП.

„Сега знаеме што е тоа ЕУ. Од една страна, зборувате за избори и демократија, а потоа со насилство и измама одите да соборите една влада“, рече Ердоган во телевизиско обраќање.

Ердоган, чија влада преживеа обид за државен удар во јули 2016 година му даде поддршка на Мадуро во пресрет на кризата.

Меѓутоа, турската поддршка за Мадуро го привлече гневот на САД, и висок американски официјален претставник минатата недела изјави дека Вашингтон е „разочаран” од потегот на Анкара.

Ердоган, она што се случува во Венецуела го оцени како „ меѓународен обид за државен удар со цел избраниот лидер на земјата да се собори од власт”.

Тој праша: „Дали Венецуела е една од твоите држави?“ индиректно посочувајќи на САД.

„Како се осмелуваш на избраната личност да му кажеш да ја напушти и да ја предаде функцијата шеф на државата на некој што дури не се ни кандидирал на изборите“, додаде тој.

„Каде е демократијата? … Дали е можно за нас ова да го прифатиме?, рече Ердоган.

Вкупно 19 земји-членки на ЕУ поединечно го признаа претседателот на парламентот Хуан Гуаидо, за привремен претседател на Венецуела, со право да организира претседателски избори во Венецуела. Гуаидо го смета Мадуро за узурпатор кој издејствувал да биде избран на втор мандат на спорни избори. Изборите ги оспорува опозицијата и голем дел од меѓународната заедница.

Вашингтон, кој го призна Гуаидо веднаш по неговото самопрогласување за претседател на 23 јануари, го поздрави признавањето на Европејците и ги повика сите други земји да го сторат истото. Сепак, турскиот претседател цврсто го поддржува Мадуро.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.