ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ердоган безгрижен: ”Санкции? Трам ништо не ми кажа”

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е безгрижен поради можните економски санкции.

Ердоган изјавил дека не видел индикации за време на разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе наметнат санкции на Анкара за купување на руските S-400 ракетни одбранбени системи.

Како што пренесува Reuters, САД предупредија дека ќе воведат санкции на Турција ако продолжи со договорот за купувањето на S-400, но Анкара соопшти дека нема да се откаже и досега ги отфрли овие предупредувања, а тензиите во односите меѓу двата НАТО сојузници се интензивираа.

Обраќајќи се на новинарите во Анкара, пред да замине на самитот на Г20 во Јапонија, Ердоган изјави дека повторно ќе разговара за ова прашање со Трамп на маргините од тој собир.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.