ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ЕП незадоволен од предлогот на Борис Џонсон за Брегзит

Предлозите на британскиот премиер Борис Џонсон за договорот за напуштање на Велика Британија  од ЕУ „ниту од далеку“ не се совпаѓаат со она што е потребно за компромис, оцени денеска Управната група на Европскиот парламент за Брегзит.

Откако главниот преговарач за Брегзит, Мишел Барние го информираше тоа тело со предлозите на британскиот премиер, Управувачката група на ЕП за Брегзит соопшти дека предлозите на Џонсон се „чекор назад наместо чекор напред“ кон општ договор, додека се приближува крајниот рок за излез на Британија, 31 октомври.

– Британските предлози се недоволни и претставуваат големо оддалечување од заедничките обврски и цели, се наведува во соопштението.

Управувачката група вклучува експерти од сите водечки пратенички групи на Европскиот парламент кои треба да го одобрат договорот за Брегзит пред да стане официјален.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.