ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Енергетски хаос наместо енергетска транзиција-експертите со критики за стратешките проекти на власта

Македонија го достигна врвот на хаосот во енергетскиот сектор. Експертите критикуваат дека наместо средување на постоечките и вложување во нови домашни капацитети, гледаме безредие и проблеми за кои нема навремени и соодветни решенија. Додека Владата трча по инвеститори низ светот на кои им нуди милиони субвенции, а се правда дека нема пари за сама да инвестира, остануваме увозно зависни на електрична енергија за што годишно се трошат околу 200 милиони евра.

Како индикатор за тоа се големите пари кои државата ги бара за увоз на електрична енергија , значи ние немаме доволно производсво за електрична енергија и годишно се даваат 150-200 милиони евра за електрична енергија , кога беше енергетската криза тој износ стигна 400 милиони. Замислете една термоцентрала сега што се води полемика е околу 200 милиони евра , а ние ги даваме така секоја година како нормална работа, така да работите сега што не се добри туку одат во погрешен правец, вели Професор Ристо Цицонков.

Експертите се согласни дека објектите како термоцентралата „Митилинеос“ или пак проектот како што е „Чебрен“ не треба да се даваат на странски инвеститори зошто се нарушува енергетскиот суверенитет. На Грчки Митилинеос даваме дури и 50 милиони евра државна помош, а за возврат државата не добива само обврски да купува струја и топлина. За експертите изговорот дека за сметка на изградбата на термоцентралата ќе имаме поевтино греење е чист изговор, оти евтина топлина би имале ако изградбата ја направи Македонија. Додека Владата уверува дека нема пари, експертите дури нудат и конкретни решенија како би можело проблемот да се реши дома.

Аргументите на експертите не се побиени. По мое лично мислење државата треба да го гради, пари за ова има. Mој предлог е да се формира државно претпријатие Акционерско друштво каде капитал би имало од разни извори може и граѓаните да вложуваат, замислете има 5 и пол милијарди евра депозити само еdен дел да се инвестира, еве каде има пари, вели Цицонков

Од друга страна, Собранието ја одложи комисиската расправа за четирите предлог закони за таканаречените стратешки инвестиции, ја одложи без конкретни објаснувања зошто и за кога ќе биде презакажана. До сега единственото оправдување дојде од првиот човек на ТИРЗ, Јован Деспотовски, според кој причината за одложувањето е обработување на бројните амандмани кои стигнале за законите и тие остануваат во Собрансиска процедура.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.