ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ЕМА испитува ретки случаи на крварење по употребата на вакцини на АстраЗенека и на Џонсон и Џонсон

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека започнала со разгледување на извештаи за ретки состојби на крварење кај луѓето кои примиле вакцина на АстраЗенека против Ковид-19, како и оние по употреба на вакцината на Џонсон и Џонсон поради згрутчување на крвта.

Четири сериозни случаи на ретки згрутчувања на крвта со ниски тромбоцити, од кои едниот со фатални последици, се пријавени по примањето на вакцината на Џонсон и Џонсон од нејзината подружница во Јансен, соопшти Европската агенција за лекови.Агенцијата соопшти за пет случаи на синдром на нарушена капиларна пропустливост, поврзани со вакцината на АстраЗенека.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.