ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Елон Маск: Одењето на Марс е предизвик, но би сакал да живеам таму

Elon Musk speaks at TED2017 - The Future You, April 24-28, 2017, Vancouver, BC, Canada. Photo: Marla Aufmuth / TED

Како еден од најамбициозните луѓе во светот, очекувано е дека Елон Маск сака да биде дел од Мисијата на Марс на неговата компанија SpaceX, но никој не се надеваше дека тој ќе изрази желба да биде дел од екипажот на мисијата.

Макс вели дека би сакал да живее на Марс, ако не загине за време на мисијата.

Патувањето на Марс ќе биде многу ризично и поради тоа шансите Маск да го загуби животот за време на мисијата се огромни, но тој вели дека и покрај големиот ризик е решен да отпатува на „црвената планета“.

Ако тој и неговиот екипаж го преживеат патувањето и пристигнат на Марс, животот таму ќе им биде многу тежок и напорен, додека да стигнат до делот со уживањето на новата планета – доколку не умрат од ризиците кои ги демнат на овој нов свет, вели Маск. Тоа се плановите кои Елон Маск ги откри во новото интервју во кое говореше за претстојната мисија на SpaceX.

„Шансите дека ќе одам да живеам на Марс во моментов се 70%. Во последниот период направивме неколку напредоци за кои сум навистина возбуден. Според пресметките, патувањето на Марс би можело да чини неколку стотици илјади долари, што и не е така голема сума ако се земе предвид мисијата“, рече Маск.

Проблемот не е во цената на патувањето, туку во ризикот кое го носи со себе. Откако беше промовирана опцијата за комерцијални патувања, Маск беше обвинет дека прави можност за „излез за богаташи кој води надвор од Земјата“, но тој посочи дека големиот ризик ја побива оваа теорија.

„Има големи шанси за се загине на патот до таму, а и откако ќе се пристигне на Марс. Мислиме дека е можно да се вратат патници на Земјата, но не сме сигурни во тоа. Дали тоа ви звучи како излез за богаташи?“, додаде Маск.

И покрај сите предизвици, тој вели дека никогаш не би ја пропуштил шансата да отпатува во еден сосем нов свет. Ако SpaceX овозможи доволно добри услови за патување на Марс, тој вели дека е првиот кој ќе ја посети „црвената планета“.

„Постојат многу луѓе кои сакаат да искачуваат планини. Луѓе умираат на Монт Еверест скоро секој ден. Тие го прават тоа поради предизвикот а не затоа што е безопасно. И јас размислувам на истиот начин“, заврши Елон Маск.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.